Тековната шеста сезона на квизот од крајот на изминатата 2016-та година, публиката, натправарувачите и гледачите ќе ја паметат по возбудливата игра на младата натпреварувачка Ивана од Скопје која ни повеќе, ни помлаку го извлече милионот, а подоцна го дуплираше во два милиони денари.

Ивана е првата учесничка која докажа дека чудата навистина се случуваат, како во нејзиниот случај. Сепак, тоа што храброста не беше нејзината силна страна, а веруваше дека е многу среќна, Ивана ја прифати понудата на банкарот и ја продаде предвреме својата кутија за 98.800 денари.
За шokoт да биде уште поголем, Ивана прифати да игра и со кутијата број 23 во која се криеше уште еден милион, односно дуплирање на сумата.







