Неделава беше договорено и Бугарската национална телевизија ќе се емитува во Македонија, а МРТ во Бугарија.
Специјалниот претставник на Македонија во решавање на спророт со Бугарија Владо Бучковски најави дека во нашата земја има барање за емитување од уште три, 3, приватни бугарски телевизии.
Макс ТВ на Телеком ќе ја реемитува BNT4 како дел од балканскиот пакет од 1 март. Во исто време еден од каналите на Македонската радиотелевизија, сателитскиот канал, ќе се реемитува преку бугарските оператори. Имаме уште три барања за влез на бугарски приватни телевизии, ТВ Европа, ТВ Блумберг и Велнес ТВ, но тие се проверуваат во моментов како би можеле да влезат во пакетот на Макс ТВ. Истото ќе се направи и со неколку приватни национални телевизии за реемитување во Бугарија. МРТ и БНТ се пред потпишување на договор за размена на дописници и размена на забавна и музичка програма. Ова треба да кулминира со создавање на заедничка продукција во блиска иднина – рече Бучковски во вчерашното гостување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.







