Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му поставил „краен ултиматум“ на Иран, додека САД сериозно разгледуваат можност за воена интервенција во тековниот конфликт, пренесува CNN.
– Може да се каже така. Можеби тоа би го нарекле краен ултиматум, зарем не? – одговори Трамп на новинарско прашање дали испратил формално предупредување до Техеран.
Претседателот не откри детали за содржината на ултиматумот, но повторно ја нагласи својата поддршка за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
– Му реков: „Продолжи понатаму.“ Разговараме секој ден. Тој е добар човек, многу работи – рече Трамп, додавајќи дека смета оти Нетанјаху е „многу неправедно третиран во својата земја“, алудирајќи на актуелните судски процеси против него.
На прашање дали му понудил дополнителна американска поддршка на Израел, Трамп одговори:
– Не. Досега добро си ја врши работата. Тој е лидер во време на војна, а се соочува со апсурди. Тоа е смешно – заклучи американскиот претседател.





