Иранскиот одбранбен систем во моментов пресретнува непријателски цели над главниот град Техеран, објави полуслужбената новинска агенција „Mehr“ во средата. Информацијата доаѓа во време на зголемени тензии и ескалација на конфликтот со Израел.
Неколку минути по објавата, иранските власти издадоа предупредување на хебрејски јазик за евакуација на граѓаните во израелскиот крајбрежен град Хаифа. На предупредувањето била прикачена мапа со означена зона која, според ирански извори, претставува област со висок ризик.
„Веднаш го напуштете означеното подрачје. Вашето присуство таму го загрозува вашиот живот“, стои во пораката која ја пренесоа и регионалните медиуми.
Во моментот нема официјална потврда од израелска страна за евентуални удари или штети. Ситуацијата останува напната, додека меѓународната заедница повикува на воздржаност.






