На 29.10.2025 во 15:15 часот во с.Речане, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Н.С.(22) од с.Речане, гостиварско поради основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од КЗ. Истиот ден во 14:10 часот, согласно судска наредба, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.С., при што тој пријавил дека во една од помошните простории има ловечка пушка и 12 патрони, без соодветна дозвола, кои доброволно ги предал. Н.С. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







