Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД знаат каде се наоѓа врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, и дека тој претставува лесна мета. Сепак, нагласи дека засега немаат намера да го елиминираат.
„Точно знаеме каде се крие таканаречениот ‘врховен лидер’. Тој е лесна мета, но е безбеден таму – нема да го убиеме, барем не засега“, напиша Трамп на својот профил на социјалната мрежа Truth.
Во исто време, тој истакна дека не сака да има напади врз цивили или американски војници, нагласувајќи дека трпението на САД е на излез.
„Нашето трпение е при крај. Ви благодарам за вниманието на ова прашање!“, порача Трамп.
Во низа пораки поврзани со Иран објавени на социјалните мрежи, Трамп побара безусловна предавање и истакна дека САД ја контролираат иранската воздушна зона, посочувајќи дека Техеран нема технологија споредлива со американската. „Ниту еден не го прави тоа подобро од старата добра Америка“, напиша тој.







