За само три дена Боби Павловски со новата песна насловена „Не оклевај“ успеа да ќари повеќе од 200 000 прегледи на Јутјуб. Коментарите за темата се одлични, а и реакциите на публиката.
Презадоволен сум од реакциите, буквално од сите страни пристигнуваат комплименти. Долго време ја чував песната за некои подобри времиња, но некако бавно доаѓаат, па решив да разбијам малер, да повикам позитивна енергија и да ја објавам со надеж дека скоро ќе ја пеам во живо со мојата публика на некоја свирка до сабајле“, вели Павловски.
И оваа песна, како и претходните е работена со веќе проверените соработници Еди Рамиќевиќ и Милан Раѓен, а за видеото повторно беше задолжен тимот на Tropical Lifeisfun.
Погледнете ја на следниов линк : https://www.youtube.com/watch?v=N5I1dJBrG0M







