Кристијано Роналдо нема да биде дел од тимот на Ал Наср за претстојниот натпревар против ирански Естеглал во Лигата на шампионите на АФЦ, а причината за неговото отсуство е доста необична.
Клубот реши да го остави Роналдо дома поради инцидент од неговиот претходен престој во Иран. Причината е можната закана од казна од 99 удари со камшик, според исламските закони.
Инцидентот се случил пред две години, кога Роналдо беше виден како се гушка и бакнува хендикепирана уметница, Фатема Хамани Насрабанди, која слика со стапалата. Тие се сретнале пред натпреварот со Персеполис во 2023 година, кога таа го посетила фудбалскиот тим во хотелот во кој престојувале Роналдо и неговите соиграчи.
Според исламскиот закон, секој физички контакт со жена која не е легална сопруга се смета за прекршок, а казната за тоа е 99 удари со камшик во јавност.
Ал Наср, најверојатно, не сакал да ја стави својата суперѕвезда во опасност и поради тоа Роналдо нема да патува за Техеран. Натпреварот меѓу Ал Наср и Естеглал ќе се игра во понеделник попладне.







