Земјотрес со јачина од 3,0 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Хрватска, со епицентар на 11 километри од градот Задар. Настанот предизвика вознемиреност меѓу локалното население, а бројни граѓани ги споделија своите искуства на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според коментарите, земјотресот бил проследен со гласен шум и татнеж, што кај некои предизвикало чувство како да „експлодирала бомба“.
„Се тресеше многу“, „Малку нишање и силен звук“, „Експлодираше како бомба“, „Гласна експлозија во Задар“ – се само дел од реакциите на жителите на погодениот регион.
Според EMSC, хипоцентарот на потресот бил на длабочина од околу 16 километри под земјината површина.
За среќа, досега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица. Надлежните служби остануваат на терен и ја следат состојбата.







