Руски системи за противвоздушна одбрана ноќеска пресретнаа и уништија 102 украински дрона на руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана.
Според информациите, најмногу дронови беа соборени над Брјанската област – 46, потоа 20 над Белгородската област, девет над Воронежската област и приклучениот Крим, четири над Калуишката област и Република Татарстан, три над Московската област, две над Ленинградската, Орловската и Курската област и еден дрон над Смоленската област, пренесува агенцијата Интерфакс.
Поради нападите, пет руски аеродроми привремено го прекинаа работењето. Аеродромите Ижевск и Киров го стопираа сообраќајот, објави руската Агенција за цивилно воздухопловство (Росавијација).
Дополнително, воведени се ограничувања на аеродромот Пулково во Санкт Петербург, како и на аеродромите во Нижњекамск и Казан.






