Утрово околу 7 часот на Халкидики е регистриран земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала.
Во саботата, во истиот регион, беше регистриран посилен земјотрес од 5,2 степени, кој се почувствува и во Солун, а со помал интензитет и во југоисточниот дел на Македонија.






