Една жена загина, а десет лица се повредени во ноќен напад со украински дрон врз станбена зграда во Курск, соопшти вршителот на должноста гувернер на Курскиот регион, Александар Хинштејн.
Нападот се случил во областа Железнодорожни, при што беспилотното летало предизвикало пожар. Четирите горни ката на зградата биле зафатени од пламен, кој подоцна бил изгаснат, пренесе агенцијата Интерфакс.
Првичните информации говореа за една загината жена и шест повредени, но бројот на повредените подоцна се искачи на десет.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта силите за воздушна одбрана собориле 53 украински беспилотни летала над девет руски региони и Азовското Море.






