Русија лансираше 479 дронови и 20 ракети врз украинска територија во рамки на најмасовниот воздушен напад од почетокот на инвазијата, соопшти денеска украинското воено воздухопловство.
Според официјалните податоци, украинската противвоздушна одбрана успеала да пресретне и уништи 277 дронови и 19 ракети, додека само 10 беспилотни летала и ракети ја погодиле целта.
Најголемиот дел од нападите биле извршени во доцните ноќни часови, период кога дроновите потешко се детектираат поради намалена видливост, наведуваат украинските власти.
Москва тврди дека целите на нападите биле исклучиво воени објекти. Киев, пак, укажува на сериозно уништување и во цивилни подрачја, но засега нема официјални информации за човечки жртви или материјални штети.






