Бидејќи скоро сите канализациони цевки се уништени за време на поплавата, водата за пиење се меша со канализациската, објасни експертот за хигиена и заразни болести Клаус-Дитер Застру за Билд.
“Ова значи дека постои висок ризик од заразување со разни болести. Можеме, на пример, да се заразиме со колера”, рече Застру.
Во поплавите што погодија делови од Западна Европа, загинаа најмалку 189 лица, а стотици се водат за исчезнати.
Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови, а многумина сè уште немаат пристап до електрична енергија и вода за пиење.


An areal view after flooding at Erftstadt-Blessem, Germany, July 16, 2021. REUTERS/Rhein-Erft-Kreis NO RESALES. NO ARCHIVES 




– Шокантно е – можам да кажам дека германскиот јазик нема збор за уништување – рече Меркел. Таа вети дека нејзината влада брзо ќе обезбеди финансиска помош.
Премиерот на државата Рајнска област-Пфалц рече дека областа е „место на ужас и уништување“.
Белгискиот национален центар за кризи во неделата соопшти дека ситуацијата постепено се подобрува низ целата земја и дека областите погодени од поплавите се „надвор од непосредна опасност“.
Потрагата по жртви продолжува, а најголемиот проблем во овој момент е недостаток на вода за пиење во некои од најтешко погодените области. Најмалку 31 лице беше убиено.







