Постојат неколку предмети кои според народните верувања носат среќа и позитивна енергија во домот, а истовремено штитат од негативни влијанија и зли намери. Еве кои се трите најпознати амулети што секоја куќа треба да ги има:
Потковица
Потковицата одамна се смета за симбол на среќа и заштита. Според верувањата, ако потковицата е поставена со отворите кон плафонот, таа ќе донесе мир и спокојство во домот, додека ако е свртена надолу, кон подот, ќе привлече финансиски благосостојба. Зависно од моменталните потреби, секој може да одлучи која положба му е понадежна.
Ловец на соништа
Овој традиционален амулет, поставен над креветот, се верува дека ги оддалечува лошите соништа и несреќите, оставајќи само позитивна енергија да кружи во просторијата. Ловецот за соништа се користи како заштита од негативни влијанија и го зачувува мирот во домот.
Лаванда
Лавандата е позната не само по својата убавина и пријатна арома, туку и како моќна природна заштита. Ова растение штити од злобни луѓе и негативна енергија, овозможувајќи хармонија и добро расположение во домот. Последниве години, лавандата стана популарна и како декорација, но нејзината улога како амајлија останува силно застапена.
Овие предмети, покрај тоа што го красат просторот, носат и посебна смисла и енергија, овозможувајќи домот да биде место полно со среќа, заштита и благосостојба.






