Од утре се очекува пад на температурите за три до пет степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Прогнозата предвидува умерен до засилен северен ветер, а во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе се движат од 12 до 20 степени, додека дневните ќе бидат во опсег од 27 до 36 степени.
Во вторник времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе се појави изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а максималната температура ќе достигне до 34 степени. Локални нестабилности со пороен дожд и грмежи се очекуваат и во среда и четврток, кога дневните температури ќе достигнат најмногу 33 односно 34 степени.






