Од Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград денеска се отпуштени последните двајца пациенти кои беа хоспитализирани поради тешките повреди здобиени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани.
Станува збор за 24-годишната Ангела Бошковска и 23-годишниот Андреј Георгиев, кои напладне ја напуштија Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС, јавува дописникот на МИА од Белград.






