Млад мотоциклист од кумановско го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа на локален пат кај селото Орашац.
– Вчера околу 21.00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат од село Орашац, кумановско, кон регионален пат Куманово-Свети Николе, М.П.(20) од село Доброшане, кумановско, управувајќи мотоцикл „БМВ“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во бетонски стол. Од здобиените повреди мотоциклистот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, информираше полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.






