И покрај тоа што поминаа десет дена, Европската ракометна федерација (ЕХФ) сѐ уште нема донесено одлука за неодиграниот натпревар меѓу Алкалоид и АЕК во финалето на Европскиот куп. Состојбата во грчкиот клуб станува сѐ потензична, а доказ за хаосот се случувањата и на домашната сцена.
АЕК загуби на домашен терен од големиот ривал Олимпијакос со 27-32 во првиот меч од финалната серија на грчкиот шампионат. Со оваа победа, Олимпијакос направи сериозен чекор кон титулата, а АЕК се соочува со реална закана да остане без двојна круна оваа сезона.
Незадоволството кај навивачите кулминира — бараат оставка од тренерот и санкции за дел од ракометарите. Следниот дуел од финалната серија се игра на 6 јуни во Пиреја, каде Олимпијакос ќе има шанса на свој терен да ја завери шампионската титула.







