Крим е повторно во центарот на вниманието откако утрово беше објавено дека сообраќајот на Кримскиот мост е целосно обуставен на неколку часа, а одекнуваат силни експлозии во близина на Севастопол. Руски извори потврдуваат дека нивната ПВО системи собориле три украински беспилотни летала над полуостровот.
Покрај тоа, целосно е затворен и поморскиот патнички сообраќај во Севастопол, но официјални причини за прекинот не се наведуваат. Украинската служба за безбедност (СБУ) тврди дека третпат го напаѓа Кримскиот мост, овојпат со подводни експлозии кои наводно ги оштетиле носечките структури.
Телеграм-канали блиски до украинските извори пишуваат дека поморски дронови се обидуваат да пробијат одбранбени линии околу мостот, со цел да го погодат директно. Паниката расте меѓу жителите, а локалните мрежи се преплавени со снимки и коментари за детонации.
Истовремено, руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека привела украински агент под сомнение за подготовка на терористички напад. Според ФСБ, осомничениот жител на Феодосија, роден 1965 година, бил регрутиран од СБУ и составил импровизирана експлозивна направа од преку 1,2 килограми експлозив.
Обвинетиот се наоѓа во притвор, а против него е покрената кривична постапка за тероризам. Ситуацијата на Крим останува напната и нејасна, со потенцијал за натамошна ескалација.







