Научникот и милијардер кој стои зад вакцината за коронавирусот на Фајзер и Бионтек, Угур Сахин, тврди дека нивната вакцина ќе го „разбие“ вирусот и ќе стави крај на пандемијата.
Извршниот директор на германската компанија Бионтек, Сахин, изјави дека ако се постави прашање дали може да се запре пандемијата со оваа вакцина, неговиот одговор е: „Да“
– Комплетни податоци се очекуваат во следните три недели – рече Сахин.
Според него, вакцината се очекува да може да спречи појава на болеста, но дали ќе може да ги спречи луѓето кои го носат вирусот да го пренесат на други, можеби нема да биде познато уште една година.
Повеќе https://plusinfo.mk/sahin-vakcinata-na-fa-zer-biontek-e-a-prekine-pandemi-ata/






