По серија експлозии и ненадеен напад врз Кримскиот мост, руските власти привремено го затворија цивилниот поморски сообраќај во водите околу Севастопол – најголемиот град на полуостровот.
Иако официјална информација за природата на инцидентот сè уште нема, на социјалните мрежи се шират снимки и сведоштва за силни детонации и состојба на паника меѓу населението. Граѓани тврдат дека се шират непроверени вести, а атмосферата е тензична и неизвесна.
Засега руските власти не даваат детали за причините за затворањето на сообраќајот ниту за евентуални последици од нападот. Информацијата доаѓа само неколку дена по големата украинска офанзива со дронови врз воени цели на Крим, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста на регионот.
Ситуацијата останува напната, а се очекуваат официјални реакции од руското Министерство за одбрана.






