Украинската служба за безбедност (СБУ) соопшти дека извела успешна операција за оштетување на Кримскиот мост, користејќи подводен експлозив. Според нивните информации, експлозијата предизвикала сериозни оштетувања на носечките столбови на конструкцијата, а СБУ објави и видео-снимка на моментот на детонацијата.
„Подводните носачи на мостот се сериозно оштетени на пониските нивоа“, информира СБУ, истакнувајќи дека акцијата е резултат на повеќемесечно прецизно планирање и извршување.
Операцијата, како што соопштија украинските разузнавачки служби, била спроведена во раните утрински часови – во 4:44 часот, при што биле активирани вкупно 1.100 килограми експлозив. Нема пријавени цивилни жртви.
Кримскиот мост, кој ги поврзува Кримскиот полуостров со територијата на Русија, веќе неколку пати беше цел на украински напади од почетокот на руската инвазија врз Украина.
СБУ провела нову унікальну спецоперацію і втретє вразила Кримський міст — цього разу під водою!
Операція тривала декілька місяців. Агенти СБУ замінували опори цього незаконного об’єкта.
➡️ https://t.co/Rf4fR7QDXk pic.twitter.com/wgsS4HoCbc
— СБ України (@ServiceSsu) June 3, 2025
![Нова украинска акција: Кримскиот мост оштетен со 1.100 килограми подводен експлозив [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/06/screenshot-2025-06-03-141345.png)






