Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Млекопроизводителите се суштината на млечната индустрија – Битолска млекара го одбележа Денот на фармерите

by
2025-06-02
in Uncategorized

 Во чест на Светскиот ден на млекото, Битолска млекара традиционално го одбележа Денот на фармерите, настан посветен на луѓето кои секојдневно придонесуваат кон развојот на домашната млечна индустрија. Со доделување на признанија за рекордни достигнувања и израз на благодарност, млекарата уште еднаш ја истакна клучната улога на фармерите во обезбедувањето квалитетно млеко до секој потрошувач.

Улогата на фармерите во млечната индустрија според најголемиот производител на млечни производи е од национална важност. 

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

„Денешниот ден е одлична можност да се потсетиме на придонесот на млечната индустрија за примарното производство. Иако примарното производство и понатаму се карактеризира со раситнетост и мал обем по фарма, охрабрувачки е фактот што започна процес на консолидација, со помал број производители, но со поголеми количини. Тоа е првиот чекор кон одржливост. Млечната индустрија може и мора да има иднина, но само ако заеднички, заедно со креаторите на аграрни политики, преземеме јасни заложби: да ја направиме атрактивна за младите генерации, да ја модернизираме преку технологија, роботизација и модерен фармски менаџмент, да се стремиме кон 100% ЕУ-квалитет на суровото млеко. Само така, оваа индустрија ќе може да го одржи домашното производство, и не само да понуди стабилност против растечкиот увоз туку и можност за настап на извозните пазари“, истакна Ѓорѓи Петрушев, генерален директор на Бимилк.

Преку соработката со над 400 фармери низ Македонија, обезбедувајќи континуирана поддршка преку едукација, технолошка модернизација и долгорочни партнерства за унапредување на квалитетот на сточниот фонд, Битолска млекара претставува главен развоен фактор на сточарството во Македонија.

„Фармерите кои соработуваат со Бимилк покажуваат високо ниво на одговорност, како во одржување на животинската добросостојба, така и во прифаќање на препораки од нашите теренски тимови. Податоците покажуваат дека токму оние производители кои инвестираат во квалитет, преку подобрена исхрана, автоматизирани системи за молзење и добра ветеринарна поддршка, се оние кои континуирано испорачуваат млеко со највисоки технолошки параметри. Затоа е важно и овие практики да се афирмираат и вреднуваат. Факт е дека зад секој наш производ стои тимска работа, а фармерите, се нашата прва линија. Нивната посветеност, грижа и соработка се темел на секоја капка млеко што ја носиме до пазарот. Денес ги славиме резултатите што ги постигнавме во изминатата година, но нашата заедничка долгорочна цел останува јасна – континуирано унапредување на квалитетот на суровото млеко и зголемување на количините млеко со ЕУ-квалитет, како основа за одржлив раст,“ порача Александар Мано, менаџер за операции во Бимилк.

Фармерите примарните млекопроизводители беа поздравени и од градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

„Во чест на Денот на фармерите, упатувам искрени честитки и изразувам длабока благодарност до сите вредни земјоделци и сточари од нашиот регион. Вашата посветеност, истрајност и трудољубивост се меѓу најважните столбови на локалната економија и клучниот двигател на млечната индустрија во Битола. Посебно сакам да ја истакнам соработката меѓу битолските фармери и Бимилк – една од најзначајните агро-прехранбени компании во нашата општина и пошироко. Преку овој силен партнерски однос, не само што се обезбедува пласман на квалитетно домашно млеко, туку се поттикнува и развој на руралните средини, се зајакнуваат малите семејни фарми и целокупниот аграрен еко-систем. Млекопроизводството во Битола не е само економска гранка – тоа е традиција, начин на живот и иднина која заеднички ја градиме. Како локална самоуправа, остануваме посветени на создавање подобри услови за работа и развој во земјоделството, со цел да им овозможиме на нашите фармери да растат, да инвестираат и да бидат конкурентни“, изјави градоначалникот Коњановски.

Денот на фармерите беше потсетување дека иднината на млечната индустрија се гради врз доверба, фер партнерства и заеднички развој.

Previous Post

Змија влегла во паркиран „Фиат“ – Белграѓанка со порака спречила трагедија

Next Post

Над 4.000 животи годишно згаснуваат поради пушење: СЗО бара итна акција во Македонија

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Над 4.000 животи годишно згаснуваат поради пушење: СЗО бара итна акција во Македонија

Recommended

Дете изело гумена бонбона, при што почнало да се гуши – од Гостивар пренесено во Скопје

Унгарски државјанин почина во центарот на Скопје

3 months ago
На воени лица ќе им се забрани да бидат партиски функционери

На воени лица ќе им се забрани да бидат партиски функционери

5 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.