Вистинска драма се одвивала во центарот на Белград кога случајна минувачка забележала змија како се вовлекува во паркиран автомобил „Фиат“ со белградски регистарски таблички.
Загрижена за безбедноста на сопственикот на возилото, таа оставила предупредувачка порака на бришачот со надеж дека ќе го извести возачот за опасноста.
Информацијата веднаш се прошири на социјалните мрежи, каде граѓани апелираа сопственикот итно да го провери возилото.
„Внимание – змија во автомобилот! Ако ова е вашиот автомобил или го познавате сопственикот, проверете го возилото пред да влезете“, стоело во пораката објавена на популарната страница „Мојот Белград“.
Засега не е познато дали змијата е пронајдена и отстранета, но случајот предизвика голема вознемиреност и повик до граѓаните за поголема внимателност, особено во топлите денови кога вакви појави не се исклучени.







