Вчера (23.08.2025) во СВР Скопје било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен во бессознание Е.М. (61) од Унгарија, кој набргу починал.
Според пријавеното, на улица „11 Март“, во близина на Македонскиот народен театар, на Е.М. му се слошило, по што бил пренесен во комплексот каде што починал.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција со цел утврдување на причините за смртта.






