Водата во Скопје безбедна за пиење – сите примероци ги исполнуваат стандардите
По вчерашниот прекин на водоснабдувањето во делови од Скопје поради интервенции на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, денеска беше спроведен вонреден мониторинг на квалитетот на водата. Секторот за санитарна контрола изврши проверка на 10 различни точки низ градот, вклучувајќи ги Кале, Топанско Поле, Шуто Оризари, Радишани, Бутел, Железара, Автокоманда, Визбегово и Чаир.
Од сите локации беа земени примероци за физичко-хемиско и микробиолошко тестирање. Анализите беа направени со стандардни лабораториски методи, вклучувајќи и ПЦР-тестирање за микробиолошка анализа, како и јонска хроматографија за хемискиот состав.
Резултатите покажуваат дека сите примероци се во согласност со Правилникот за безбедност и квалитет на водата за пиење, објавен во Службен весник бр. 183/18. Според заклучокот на Секторот за санитарна контрола, водата од градскиот водоснабдителен систем е санитарно исправна и безбедна за хумана употреба.
Граѓаните можат непречено да ја користат водата за пиење, готвење и секојдневна употреба, уверуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.







