Американскиот новинар Такер Карлсон изјави дека вистинската причина зошто Владимир Путин е мета на омраза од страна на Западот не е инвазијата врз Украина или нарушувањето на човековите права, туку – како што вели – неговата пресметка со руската олигархија.
Во разговор со поранешниот американски функционер Мајк Бенц, Карлсон тврдеше дека Путин успеал да ја „обезглави олигархијата“ и да ги натера најбогатите Руси да работат за интересите на државата, а не за надворешни центри на моќ.
„Тоа е суштината, за која никој не зборува овде. Западот го мрази затоа што се пресмета со олигарсите. Ги стави под контрола. И резултатот? Економијата се опорави, животниот век се зголеми, алкохолизмот опадна – Русија стана пристојно место за живеење“, рече Карлсон.
Тој додаде дека олигархијата никогаш не ѝ служела на Русија и дека нејзината контрола била пречка за националниот суверенитет.
Карлсон отиде чекор подалеку и ја поврза ситуацијата во Русија со политичките тензии во САД, предупредувајќи дека „длабоката држава“ во Вашингтон стравува дека Доналд Трамп би можел да тргне по стапките на Путин.
„Кога ова прашање ќе се постави во САД, човек од Советот за надворешни односи вели: ‘Со оглед на тоа што се случи со Путин, како да ја спасиме длабоката држава од Трамп, за таа да може да нè спаси нас?’ Тоа е буквален цитат. Болни луѓе“, изјави Карлсон.







