Полска го претстави „Источниот штит“: Нови одбранбени утврдувања на границата со Русија
На полско-руската граница беше претставен првиот сегмент од новиот одбранбен систем наречен „Источен штит“ – сеопфатен инженерски проект за зајакнување на безбедноста на источната граница на Полска.
Станува збор за дел од поголема иницијатива што опфаќа околу 800 километри зајакната инфраструктура, вклучувајќи изградба на бази, логистички центри, магацини и поставување напредни системи за одбрана од беспилотни летала.
„Овој проект е мултифункционален систем кој опфаќа извидување, рано предупредување, мобилност и механизми за ограничување на противничко дејствување“, изјави генерал-потполковник Станислав Чоснек, заменик-началник на Генералштабот на полската армија.
Првиот дел од „Источниот штит“ беше изграден крајот на ноември, во близина на селото Дабровска, општина Будри. Станува збор за дел од долината Вегорапа – рамен терен со бројни мочуришта, кој се смета за стратешки чувствително подрачје.
Инаку, копнената граница меѓу Полска и Русија изнесува 210 километри, од кои најголемиот дел минува низ Варминско-мазурското војводство – регион кој во последниве години добива сè поголемо значење во безбедносната стратегија на Варшава.







