Имате мобилен со 108MP камера, HDR и зум, но фотките сепак изгледаат просечно? Не грижете се – не е до телефонот, туку до техниката! Според експертот за мобилна фотографија Наталија Голицина, за одлични фотографии не е потребен професионален фотоапарат – доволно е да ги следите овие три едноставни правила.
1. Сликајте во RAW – квалитетот ќе ве изненади
Автоматскиот режим често ги менува боите и ја губи природноста на сцената. Затоа, активирајте RAW режимот – тој овозможува зачувување на сите детали и ви дава многу повеќе простор за уредување.
„RAW фотографиите имаат повеќе длабочина и се идеални за доработка“, вели Голицина.
2. Правило на третини – тајната на совршената композиција
Вклучете ја „мрежата“ во камерата и научете да го делите кадарот на девет еднакви полиња. Поставете го главниот објект на пресекот на линиите – така фотографијата ќе изгледа балансирано и визуелно привлечна.
3. Вклучете HDR – за фотки полни со живот и боја
HDR режимот помага во добивање на детални и светли фотографии дури и кога има голем контраст помеѓу сенките и светлите делови. Но внимавајте – во темни простории, HDR може да ја направи сликата „тешка“ и темна.
Бонус совет: Заборавете на дигиталниот зум!
Наместо да зумирате, пријдете поблиску до објектот. „Физичката блискост носи јасност. Дигиталниот зум само заматува“, предупредува Голицина.
Со овие трикови, мобилната фотографија може да изгледа професионално – и тоа без да потрошите ни денар плус!







