Apple повторно ја потврди својата доминација на глобалниот пазар на паметни телефони – и тоа со стил! Според најновата анализа на Counterpoint Research, iPhone 16 е убедливо најпродаваниот смартфон во светот, предводејќи листа на која Епл ги зазема дури првите четири позиции.
Во топ 10 најпродавани телефони во првите три месеци од 2025 година, Apple има пет свои модели. Највисоко рангиран е токму новиот iPhone 16, кој ги надмина дури и Pro Max варијантите, нешто што ретко се случувало претходно. Веднаш зад него се наоѓаат iPhone 16 Pro Max, iPhone 16 Pro и минатогодишниот iPhone 15 – докажувајќи дека корисниците сѐ повеќе го преферираат „стандардниот“ модел.
Според технолошкиот сајт MacRumors, успехот на iPhone 16 не е случаен. Моделот доаѓа со моќниот A18 чип, речиси идентичен со оној од Pro Max, што драстично ја намалува разликата меѓу обичната и Pro серијата. Дополнително, Action Button копчето и новата функција за камера-контрола, кои порано беа ексклузива за скапите модели, сега се дел и од основниот модел – нудејќи повеќе вредност за истите пари.
На десеттото место се најде и iPhone 16 Plus, а на шестото iPhone 16e – моделот од средната класа што предизвика вистинска бура со својот ажуриран хардвер и одличен баланс на цена и перформанси.
Според експертите, Apple се адаптира кон пазарот нудејќи премиум функции и кај поевтините модели, што го прави уште попривлечен за пошироката публика. Очекувањата се дека трендот ќе продолжи и во наредните месеци, со уште посилна продажба на iPhone 16 серијата.







