Градоначалникот на Општина Јегуновце, Димитар Костадиновски, ја потврди посветеноста на локалната самоуправа кон унапредување на образовната инфраструктура со целосно реновирање на надворешниот дел на Подрачното основно училиште во село Туденце.

Со средства од општинскиот буџет, успешно беа реновирани сите наставни кабинети, а училиштето доби и целосно нова фасада. Овој проект значително ги подобри условите за учениците и наставниот кадар, овозможувајќи поквалитетна и попријатна средина за едукација и работа.
„Продолжуваме да ги исполнуваме дадените ветувања и да инвестираме во иднината на нашите деца“, изјави Костадиновски.

Овој проект е дел од пошироката стратегија на Општина Јегуновце за подобрување на условите во образовните институции, со цел да се создаде модерна и функционална средина за учениците и наставниот персонал.







