Полициски службеници од СВР Охрид уапсија 52-годишен маж од селото Белчишта, општина Дебрца, кај кого при претрес по судска наредба беа пронајдени 145 стебла канабис сатива и поголема количина марихуана.
Како што информираше Министерството за внатрешни работи, акцијата е извршена на 30 мај 2025 година, околу 13:30 часот. При претресот, покрај канабисот, биле пронајдени и најлонски и хартиени вреќи со гранки и лисја од непознато растение, метален грендер со остатоци од марихуана, како и други предмети поврзани со нелегално одгледување и пакување наркотични материи.
Лицето Љ.О. (52) е лишено од слобода и пренесено во полициска станица, каде се врши понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.







