Веста дека партијата одлучи тој да биде кандидат за уште еден градоначалнички мандат во Битола, Коњановски ја дознал додека бил во официјална посета на Брисел.
„Пред се сакам да им се заблагодарам на граѓаните на Битола, на мојоат град, на нашиот град, зошто поддршката доаѓа пред се од нив, од она што заедно сме го сработиле во изминативе еве три и пол години. Она што го слушаат и како глас на народот, позитивната енергија ја пренесоа на мене и јас на нив, меѓутоа секако тоа се рефлектира и на она што го слуша Извршниот комитет, анкетите кои биле спроведувани, одлуката на премиерот повторно да го додели мандадот, јас сум бескарјно благодарен. Ова претставува огромна чест, задоволство во секој случај, меѓутоа и огромна одговорност да продолжите по зацртаниот пат“ вели актуелниот градоначалник на Битола.
Го прашавме дали и кој го очекува за противкандидат од противничкиот табор, односно од СДСМ, многу не сакаше да ги коментира состојбите во опозицијата.
Прашан за тоа кои се трите клучни работи за избор на новит градоначалник, Коњановски вели интегритетот на личноста, чесноста и отчесноста и тимот за работа.






