Најмалку 88 лица го загубија животот во поплава што во четвртокот го зафати градот Моква, трговски центар во нигериската сојузна држава Нигер, соопштија денеска официјални лица.
Спасувачките тимови и натаму се на терен, бидејќи голем број луѓе сè уште се водат како исчезнати, а ситуацијата останува критична.
„Бројот на жртви постојано расте“, изјавија локалните власти, додавајќи дека обилните дождови, кои траеле неколку часа, предизвикале катастрофално надоаѓање на водата.
Според локални извештаи, ситуацијата дополнително се влошила поради уривање на брана во близина на погоденото подрачје.






