Истрагата за трагедијата во Кочани е завршена, од утре почнува увидот на одбраната во доказите, соопшти вечерва во емисијата „Анализа“ на ТВ „24“ државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Тој вели дека засега не може да прецизира колкав ќе биде конечниот број обвинети, а најави можност за некои да биде прекината истрагата.
Обвинителот вели дека ОЈО ГОКК продолжува со истрагата околу улогата на полицајците кои кобната ноќ беа во дискотеката „Пулс“ и не исклучува можност доколку се обезбедат докази, и тие да станат осомничени.
Според Коцевски, полицијата влегла во „Пулс“ 15 минути пред пожарот.






