Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, истакна дека поддршката и развојот на спортот се клучна инвестиција во младите и иднината на државата.
Таа посочи дека Владата го подигнала ова прашање на повисоко ниво со формирање на ново Министерство за спорт, кое ќе има задача да создаде подобри услови за развој на спортските активности и поддршка на спортистите.

На панел-дискусијата „Ракометот – спорт број 1“, во организација на „Само Ракомет“, Димитриеска-Кочоска зборуваше за инвестициите во спортот преку државниот буџет, постојните програми и новите решенија што ќе бидат имплементирани за унапредување на оваа област.

Таа нагласи дека Владата е посветена на обезбедување долгорочни стратегии за развој на спортот, што вклучува финансиска поддршка, подобрување на спортската инфраструктура и креирање на политики кои ќе придонесат за успех на македонските спортисти на домашната и меѓународната сцена.






