На 30 мај 2025 година, повеќе населени места во општина Тетово ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции од страна на снабдувачот со струја. Прекинот ќе трае од 09:00 до 14:30 часот, а погодени ќе бидат следниве места:
Долно Палчиште – дел од селото, поточно објектите кои се наоѓаат на патот помеѓу с.Долно Палчиште и с.Калник Пирок – дел од селото на влезот од автопатот Милетино – објектите на влезот од с.Милетино од страна на Челопек Тетово – дел од населбата Циглана
Граѓаните се советуваат навреме да ги завршат сите обврски поврзани со електрична енергија и да се подготват за неколкучасовен прекин. Станува збор за редовно одржување и подобрување на стабилноста на електроснабдувањето.






