Руското Министерство за одбрана соопшти дека во последните 12 часа руската војска пресретнала и уништила вкупно 159 украински беспилотни летала во различни делови на земјата.
„Во периодот од вчера попладне до ноќеска во 01:00 часот, соборени се 127 украински дронови“, стои во соопштението на руското министерство. Според информациите, нападите биле насочени кон пограничните региони Брјанск и Курск, како и кон територијата на Москва.
Дополнително, утрово до 05:00 часот биле неутрализирани уште 32 беспилотни летала, со што вкупниот број достигнува 159.
Украинските сили сè почесто користат дронови за напади на цели во внатрешноста на Русија, како одговор на постојаните руски напади врз украинска територија во изминатите три години.
Овие инциденти се случуваат во период на засилени дипломатски напори од страна на Европската унија, со поддршка од САД, за постигнување прекин на огнот и стабилизирање на состојбата на фронтот.





![Ужасни снимки од невремето од Бургас [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/10/bugarija-nevreme.jpg)
