Писториус: Трамп погрешно ја проценил својата моќ врз Путин
Американскиот претседател Доналд Трамп ја преценил својата способност да влијае врз рускиот претседател Владимир Путин, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
„Сметам дека Трамп направи погрешна проценка на својата преговарачка позиција“, изјави Писториус во интервју за германското радио Deutschlandfunk (DLF), коментирајќи ја иницијативата на Трамп за постигнување безусловно 30-дневно примирје во Украина.
Паралелно со оваа иницијатива, Европската унија работи на нов пакет санкции насочени против Русија, како одговор на тековната агресија врз Украина. Писториус додаде дека останува неизвесно дали САД ќе се приклучат кон овие мерки, посочувајќи дека дипломатските разговори со Вашингтон се во тек и се водат по вообичаените канали.






