Синоќа на паркинг во Битола на улицата Леринска изгореа три возила,според информациите возилата биле на сопруга на битолски бизнисмен и поранешен кандидат за градоначалник.
Случајот во СВР Битола бил пријавен 20 минути по полноќ. Од таму потврдија дека се опожарени три возила со битолски, скопски и тетовски регистерски таблички.според очевидци пожарот избил од „возило тојота и ги зафатил и другите две возила.
Од полицијата потврдуваат дека се опожарени три возила, а екипи на противпожарната служба интервенирале веднаш по дојавата. Во инцидентот нема повредени лица.






