Литванија ќе го зголеми буџетот за одбрана на 5,25% од БДП во 2025 година, најави денес премиерот Гинтаутас Палукас, истакнувајќи дека средствата ќе бидат обезбедени преку буџетски приходи и дополнителни заеми, пренесе литванскиот јавен сервис LRT.
Ова значително зголемување од досегашните 3,93% се должи на потребата за создавање национална копнена дивизија и подготовките за прием на германската бригада која ќе биде стационирана во земјата како дел од засиленото НАТО присуство.
Палукас нагласи дека одбраната е приоритет на литванската влада во услови на растечки безбедносни закани од Русија.






