Во секојдневните односи – без разлика дали станува збор за работа, пријателство или љубов – често се среќаваме со луѓе кои се водат исклучиво од сопствените интереси. Тие ретко ги земаат предвид потребите на другите, а во однесувањето најмногу се водат од себичност, често без ни да забележат.
Кај некои оваа карактеристика е толку изразена што станува дел од нивниот карактер. Астрологијата посочува дека токму кај некои хороскопски знаци оваа склоност е најсилно изразена.
Овен
Овенот е полн со енергија, амбиција и силна волја. Но, кога ќе посака нешто, оди директно кон целта – без да се консултира или грижи за мислењата на другите. Иако нивната одлучност често се доживува како ентузијазам, за луѓето околу нив тоа лесно може да изгледа како чист егоизам.
Лав
Лавовите се родени за сцена – сакаат внимание, признание и пофалби. Тие знаат да бидат шармантни, но нивната потреба сè да се врти околу нив може да ги направи исклучително самобендисани. Тешко прифаќаат критика, а ако не им се дава доволно внимание, стануваат ладни и драматични.
Јарец
Јарците се практични, фокусирани и ориентирани кон резултати. Не губат време на емоции, а нивниот пристап често делува ладно и пресметливо. Ако не сте дел од нивната визија или не им помагате да стигнат таму каде што тргнале, брзо ќе ве остават зад себе.






