Премиерот Христијан Мицкоски во емисијата Click Plus на ТВ21 изјави дека според информациите кои ги поседува, поранешниот вицепремиер Артан Груби, заедно со еден бизнисмен, вчера со возило со дипломатски таблички ја напуштиле Северна Македонија, заминувајќи кон Косово.
„Мојата последна информација е дека подолг период, поранешниот директор на Лотаријата на Македонија не се наоѓа на територијата на нашата земја. Но, поранешниот вицепремиер, заедно со уште едно лице бизнисмен, со возило со дипломатски таблички ја напуштиле Македонија и последен пат биле насочени кон северниот сосед, Косово. Тоа е последната информација која ја имам на располагање“, изјави Мицкоски.







