Синоќа, на делницата меѓу Брусник и Рготина на железничката пруга Неготин–Зајечар, од шини излетаа шест вагони-цистерни натоварени со фосфорна киселина. За среќа, според официјалните информации од „Србија карго“, нема истекување или испарувања, па нема опасност ниту за луѓето ниту за животната средина.
Инцидентот се случил околу 1:45 по полноќ, а сообраќајот на овој дел од пругата моментално е во прекин. Возот припаѓал на компанијата „Еликсир“ и патувал од Прахово кон Шабац, со вкупно 12 вагони-цистерни.
Во моментов, надлежните органи работат на утврдување на причините за несреќата.






