Орбан: Влезот на Украина во ЕУ не е „добра зделка“
Изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан предизвика внимание во европската јавност, откако денеска изјави дека приклучувањето на Украина кон Европската Унија „не би било добар потег“, туку би довело до финансиски колапс на блокот.
Реагирајќи на изјавите на лидерот на Европската народна партија, Манфред Вебер, на прес-конференција, Орбан потсети дека Унгарија била примена во ЕУ затоа што тоа ѝ користело на самата Унија.
„Приемот на Унгарија беше добра зделка – и за нас, и за Германија“, напиша Орбан на „Фејсбук“.
Тој додаде дека испраќањето европски средства во Украина, наместо вложување во заздравување на, како што рече, „болната европска економија“, би било сериозна грешка.
„Доаѓа време европските лидери да почнат да ги претставуваат своите народи“, му порача Орбан на Вебер.






