Русија ќе одговори соодветно ако Украина продолжи со нападите за време на прекинот на огнот, кој е планиран од 8 до 10 мај 2025 година, во чест на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков потврди дека претседателот Владимир Путин издал наредба за привремен прекин на огнот за време на празничните денови, но нагласи дека ако Киев не покаже контра-мерки и ако нападите продолжат, Русија ќе реагира веднаш. Тој додаде дека Москва ја поздравува секоја земја која е подготвена да вложи напори за мирно решавање на конфликтот во Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски досега не се согласи со краткиот прекин на огнот, предлагајќи наместо тоа, примирје од најмалку 30 дена, што Путин го оцени како предлог кој бара дополнителни преговори. Песков исто така ја критикуваше реакцијата на Киев, нарекувајќи ја нејасна и историски погрешна, и ја обвини украинската власт за промовирање на неонацизам.
Песков истакна дека Русија продолжува со соработката со САД во обидите за преговори за мирно решавање на украинската криза, но нагласи дека националните интереси на Русија се надредени на економските фактори, како што се цените на нафтата.






