Уставниот суд донесе одлука да одржи подготвителна седница посветена на Законот за јазици, на која ќе учествуваат експерти, универзитетски професори и претставници на политички партии. На седницата ќе се разгледуваат аргументите „за“ и „против“ уставноста на овој закон, пренесе ТВ21.
Предлогот за оваа постапка произлезе од судијката Елизабета Дуковска, која е известител за предметот. Според неа, ваквата отворена расправа ќе овозможи појасна и подетална анализа пред Уставниот суд да донесе конечна одлука.
Судијката Добрила Кацарска, пак, гласаше против оваа иницијатива, нагласувајќи дека Уставниот суд е единствениот надлежен орган кој треба да одлучува за уставноста на законите, без потреба од вклучување на надворешни учесници.






