Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати јавно предупредување во врска со патувањата во Москва на 9 мај, кога Русија традиционално го одбележува Денот на победата над наци-фашизмот.
На прес-конференција, Зеленски беше јасен во ставот на Украина: „Нашата позиција кон лидерите и делегациите што патуваат во Русија на 9 мај е многу едноставна – Украина не може да преземе одговорност за тоа што ќе се случува на територијата на Руската Федерација. Таму, тие ја гарантираат вашата безбедност.“
Со ова, тој укажа на можните безбедносни ризици што може да произлезат од присуството на странски државници во Москва токму на денот кога се одржува големата воена парада.
Според најавите, на парадата во Москва се очекува присуство на лидери од Кина, Бразил, неколку африкански држави, Србија, Словачка, како и од некои земји од поранешниот советски простор.






