ЕУ поддржува воведување потврда за вакцинирање против новиот коронавирус што би била „взаемно призната“. Тоа го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Пандемијата го смени нашето секојдневие, особено плановите за патување. Дали некогаш сте помислувале дека покрај стандардниот, ќе мора со себе да носите уште еден ковид-пасош? Ваквиот концепт се споменува уште од самиот почеток на пандемијата како решение за нормализирање на туристичката индустрија.
Најавите се дека тој би можел веќе за два месеци да стане реалност.
Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) најави дека употребата на нивните дигитални пропусници треба да започне во март. Првиот ковид-пасош се очекува најпрво да започнат да го користат големите авиокомпании.
Станува збор за мобилна апликација која ќе содржи информации за патниците поврзани со направени тестови за Ковид-19 или пак за вакцинација, објави dw.com.






